Продолжен рокот за плаќање закуп за државно земјиште
До 31 октомври нема да се раскинуваат договорите за закуп.
Земјоделците кои имаат добиено земјиште во државна сопственост под закуп ќе можат да ја платат закупнината за 2019 година до 31 октомври 2020 година, одлучи владата.
До овој датум нема да се врши еднострано раскинување на договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатена годишна закупнина до 31 октомври 2020 година.