Продолжен рокот за бесцарински увоз на замрзнато свинско месо

Месната индустрија ќе може да увезува замрзнато свинско месо до 31 октомври.

512

Владата за четири месеци го продолжи рокот за бесцарински  увоз на замрзнато свинско месо за преработка. Со тоа месната индустрија ќе може да увезува замрзнато месо до 31 октомври.

– На предлог на Министерството за економија на вчерашната седница на Владата донесовме одлука за четири месеци да се продолжи рокот до кој месната индустрија ќе може да увезува замрзнато свинско месо без царина до до 31 октомври (претходно беше утврдено до 20 јули).. Во услови на прогласување на пандемија од СЗО, каде што месната индустрија е подготвена да го задржи континуитетот на производство, да ги задржи вработените на работа и да продолжи навреме и во соодветни количини да пласира сувомеснати производи на внатрешниот пазар и можност за извоз, донесовме одлука да ја продолжиме оваа мерка која што досега даде големи резултати – информира на денешната седница министерот за економија Крешник Бектеши.






Претходната мерка за увоз на замразнато место која беше донесена во декември лани важи до јули годинава, но компаниите уште во февруари ги увезоа планираните количини. предвидени за годинава.

– Со оглед на новонастанатата состојба  и зголемената побарувачка на месни преработки, посебно конзерви, побаравме владата да ја продолжи мерката за увоз на свинско месо за преработка. Со тоа очекуваме да се зголеми производството на месни преработки и да се задржат вработените и да се вработат нови луѓе. Исто така ќе се зголемат и залихите и резервите на месни преработки – велат од Стопанската комора.

Поврзани содржини