Владата на седница вчера одлучи овој продолжен викенд да има зголемена рестрикција за движење на граѓаните, односно полицискиот час да трае од недела во 11 часот, до вторник до 5 часот.
– Владата на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11 часот до вторник, 26-ти мај, до 5 часот, соопшти владата.
Денеска забраната за движење останува иста како и за сите други денови, односно од 19 часот до 5 часот наутро.