ПРОДАВАЛА НА ПАЗАР КОГА Ѝ СЕ СЛУЧИЛ ПРЕСВРТ ВО ЖИВОТОТ На 20 години заработила 20 милиони долари (ФОТО)

Животната приказна на оваа 39-годишна девојка често се нарекува модерна бајка, со оглед на тоа дека пораснала во тешка беда и сиромаштија.

1,270

Изминативе денови една од главните ѕвезди на Модната недела во Париз беше руската манекенка Наталија Водијанова.

Иако е во „пензија“, Наталија повторно прошета по пистата на модната ревија на „Балмејн“. Сепак, во Париз најмногу уживаше во бројните модни ревии, а присуствуваше и на неколку луксузни забави. Така, таа се појави во луксузен ресторан во саботата во друштво на Наоми Кемпбел.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova)

Животната приказна на оваа 39-годишна девојка често се нарекува модерна бајка, со оглед на тоа дека пораснала во тешка беда и сиромаштија, опкружена со неволји и болести, а во тинејџерските години нејзиниот живот од корен се променил.

Таа го поминала детството работејќи на пазар, а таму била забележана од моден агент кој ја вовел со светот на модата и со текот на годините ѝ обезбедил удобен живот за кој во тоа време можела само да сонува. Наталија на само 17 години се нашла во Париз, а веќе на 20-годишна возраст имала 20 милиони долари на својата банкарска сметка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova)

Титулата една од најплатените манекенки на светот ја вовела во светот на богатите и аристократите, меѓу кои се запознала и со својот прв сопруг Џастин Портман, со кого има и три деца. Нивниот брак траел девет години, а Џастин во едно подоцнежно интервју открил дека по раскинувањето, морал да побара стручна помош поради нервниот слом што го доживеал поради раскинувањето со убавицата.

Наталија продолжила со својот живот, а набргу по разводот, повторно ја пронашла љубовната среќа. Во 2011 година, таа се вљубила во милијардерот Антоан Арно, со кого и се ожени, а чие богатство се проценува на 84 милијарди долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova)

И покрај фактот дека оваа Русинка живее во неизгледан луксуз, медиумите тврдат дека таа останала со двете нозе на земја и дека е скромна и ненаметлива.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини