„ПРОДАВАЛА“ ЛАЖНИ РАБОТНИ ВИЗИ ЗА ГЕРМАНИЈА Измамничка од Тетово заврши во притвор

247

Судија во претходна постапка на Основен суд Гостивар определил мерка притвор за 41 годишна жена од Тетово која полицијата ја приведе како осомничена за повеќе измами.

Според информациите на СВР Тетово, определен е 48-часовен притвор за А.А. од  од Тетово.






– Таа e осомничена дека минатата и оваа година извршила десетина измами.Осомничената А.А. измамите ги извршила на подрачјето на Гостивар, Тетово и Скопје, лажно ветувајќи им на измамените дека за одреден паричен надоместок ќе им обезбеди работни визи за Германија, но и други измами – информираат од СВР Тетово.

Поврзани содржини