Продавал Јачменова трева во прав со глутен набавена од Бугарија како безглутенска

Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, по извршена анализа и суперанализа, било утврдено присуство на глутен над дозволеното 20мг/кг во готовиот производ и дека не може да се декларира како производ кој „не содржи глутен“.

1,060

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе до скопското обвинителство кривична пријава против З.Л.(38) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измамување на купувачи“ против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, соопшти МВР.

– Пријавениот З.Л., во својство на сопственик и управител на правното лице, во име на правното лице од фирма од Р.Бугарија набавил повеќе суровини(меѓу кои и „Јачменова трева во прав“) во количина од 30 кг., иако знаел и бил свесен дека претходно нема извршена анализа на производот и дека не поседува документ како доказ дека производот не содржи глутен над дозволеното за да може да се декларира како производ кој што „не содржи глутен“ – велат од МВР.






Од таму додаваат дека лицето производот „Јачменова трева во прав“ го препакувал во 240 пакувања од по 125 грама, кои ги декларирал со налепница на која внел невистинит податок дека производот не содржи глутен и го дистрибуирал и пуштил во продажба до повеќе правни лица за малопродажба на територијата на РСМ.

– Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, по извршена анализа и суперанализа, било утврдено присуство на глутен над дозволеното 20мг/кг во готовиот производ и дека не може да се декларира како производ кој „не содржи глутен“, бидејќи ознаката „без глутен” може да биде присутна кај производи доколку содржината на глутен не надминува 20 mg/kg во готовиот производ, соопшти МВР.


 

Поврзани содржини