ПРОДАДЕНА ЗГРАДАТА НА ВОДОВОДОТ, А СЛЕДЕН ЗА ПРОДАЖБА Е МУЗЕЈОТ Антикорупциска ја „чешла“ Општина Струга

Нејасна е и судбината на струшкиот природно научниот музеј кој исто така се наоѓа на атрактивно земјиште. Според некои информации најверојатно ќе биде дислоциран а на негово место изграден профитабилен проект.

2,095

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе го проверува случајот со јавното претпријатие Водовод од Струга.

Општина Струга пред две години го продала земјиштето и објектот во кое било сместено комуналното претпријатие и оттогаш струшки водовод за кирија месечно плаќа сума од над 3000 евра.






Според комисијата, и кириите и продажбата на парцелата, но и судбината на музејот кој се наоѓа во близина, се предмет на истрага.

Директорот на водовод Дашмир Насуфи смета дека киријата и не е толку голема со оглед на бројот на вработени. На седницата на општината неодмана тој се бранеше дека ја наследил кријата од неговиот претходник и дека правел напори тоа да се смени. Но за градските советници остана тајна каде завршуваат парите од кириите, кој е сопственик на објектот каде освен Водовод е сместено и јавното претпријатие за паркинзи ЕКО Струга кое исто така плака висока закупнина.

Нејасна е и судбината на струшкиот природно научниот музеј кој исто така се наоѓа на атрактивно земјиште. Според некои информации најверојатно ќе биде дислоциран а на негово место изграден профитабилен проект.

Поврзани содржини