ПРОЦЕСОТ ЌЕ ТРАЕ ДО ДЕКЕМВРИ Фејсбук го укинува системот за препознавање лица

284

Фејсбук денеска соопшти дека го укинува својот систем за препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата, наведувајќи ја зголемената загриженост за употребата на таквата технологија.

„Регулаторите сè уште се во процес на давање јасни правила со кои се регулира употребата на таа технологија. Поради оваа постојана неизвесност, веруваме дека е соодветно ограничувањето на употребата на препознавање на лица“, напиша на блог Џером Песенти, потпретседател на Фејсбук задолжен за вештачка интелигенција.






Компанијата, која минатата недела го смени своето име во Мета платформи, соопшти дека повеќе од една третина од дневните активни корисници на Фејсбук ја вклучиле поставката за препознавање лица, а промената сега ќе ги избрише „шаблоните за препознавање лице“ на повеќе од милијарда луѓе.

Отстранувањето ќе биде глобално и се очекува да биде завршено до декември, изјави портпарол на Фејсбук.

Поврзани содржини