ПРОЦЕНКИ НА ЗАЕВ Дел од независните ќе влезат во власта со неколку претставници

Договорот на коалицијата на СДСМ, ДУИ, БЕСА, ДПА и другите помалкубројни партии е заедно да го поддржат кандидатот кој ќе добие најмногу гласови во првиот круг без разлика од која партија е.

1,329

Премиерот Зоран Заев смета дека дел од независните листи нема да имаат претставници во локалната власт, а дел би имале по неколку. За него големиот број на независни листи на претстојните локални избори покажува дека има демократија во земјава.

– Сепак, се многу значајни зашто можат да бидат граѓански експертски осврт на важни проблематики на граѓаните во наредните четири години. Тоа е убавината на демократијата и слободата која ја носи. Ние не ја потценуваме ниту една листа. Сите се важни. СДСМ од 2013 година е компактен, но има лица кои одлучија да настапат независно и не ги потценуваме. Сметаме дека ќе постанат еден нов квалитет во севкупната живеачка во општините и во државата – рече Заев.






Тој повтори дека СДСМ ќе оди со заеднички настап и меѓусебна поддршка со коалициските партнери.

– Јасно е единството на коалицијата на централно ниво кое се преточува во коалиција на локално ниво која со своите специфики на локалните избори каде се бира личност претставува демократски осврт на оваа владејачка гарнитура. Логично е некаде каде што можеме во првиот круг да се поддржиме, коалициските партнери да се поддржат и се поддржуваме. Таму каде што не може, ќе се поддржуваме во вториот круг. Затоа е јасно како ќе настапиме насекаде во нашата земја – рече Заев по денешното означување на почетокот на градба на мостот „Љубљанска“ во Скопје.

Тој додаде дека БЕСА иако е помал партнер во коалицијата добила шанса скоро секаде да настапи.

– На тој начин граѓаните имаат опција насекаде да ги изберат најдобрите кандидати и кој од нашите коалициски партнери, вклучувајќи ги и СДСМ, ДУИ, БЕСА, ДПА и другите помалку бројни партии, ќе добие поддршка од граѓаните на нивниот кандидат, сите ќе го поддржиме во вториот круг, наспроти опозицискиот кандидат прецизира Заев.

На 11 септември истекува рокот за поднесување листи за кандидати за претстојните локални избори.

Поврзани содржини