ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ФОТОВОЛТАИЦИ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ Матичната собраниска комисија ги разгледува амандманите на измените

Во досегашниот дел од расправата е прифатен еден амандман, а еден е одбиен.

163

Во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска  почна амандманската расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, што на предлог на Владата се носи по скратена постапка. Со измените се предвидени поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи.

Во досегашниот дел од расправата е прифатен еден амандман, а еден е одбиен. Во тек на расправата за третиот предложен амандман беше објавена кратка пауза.






Измените и дополнувањата се за ублажување на последиците од енергетската криза, со кои граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја.

Предложените измени предвидуваат, фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до 6 киловати и од страна на сите субјекти потрошувачи – производители до 40 киловати.

Новиот Закон предвидува поедноставување на процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи.

Поврзани содржини