ПРОБУГАРСКАТА ВЛАДА ГИ ЖРТВУВА МАКЕДОНЦИТЕ И АЛБАНЦИТЕ Левица бара обединување за промена на власта
Политичките елити нема да успеат да ги вперат еден против друг Македонецот и Албанецот - бидејќи знаеме дека е сценарио кое постојано го наметнуваат кога народот се крева против нив. Сево ова се случува, само за да останат на власт и да ги задржат своите фотелји, велат од Левица.
На петтиот ден од сенародниот протест, на кој македонскиот народ кажува НЕ за наметнатиот бугарски ултиматум преку „францускиот предлог“ – со кој се омаловажува македонската посебност, историја и јазик, пробугарскиот СДС и терористичката ДУИ се обидоа да исценираат инцидент за подгревање на меѓу-етнички тензии, порачаа од партијата Левица.
„Политичките елити нема да успеат да ги вперат еден против друг Македонецот и Албанецот – бидејќи знаеме дека е сценарио кое постојано го наметнуваат кога народот се крева против нив. Сево ова се случува, само за да останат на власт и да ги задржат своите фотелји! Пробугарскиот СДС и терористичката ДУИ се обединети во својот интерес, за нивните политичари да продолжат да се луксузираат и да живеат удобно додека народот секој ден, се повеќе губи! За да можат да продолжат да го угнетуваат народот, да бидат заштитени од институциите – и да ја втурнат полицијата да удира врз нас. Да ги исполнат барањата на Бугарија – и секој кој сака да се поткусурува со Македонија. Тие тргуваат со македонските национални интереси, како и со етничките чувства на народот! Наметнувањето на инциденти од овој вид врз народниот протест, е со цел да се дефокусира јавноста – од кукавичкото претседателство на Стево Пендаровски – кој ветуваше писмени гаранции од Бугарија за понатамошниот тек на преговори, за подоцна да се демантира себеси. Од неспособната Влада на Димитар Ковачевски и предавничкото МНР на Бујар Османи – кои учествувале во изготвувањето на францускиот предлог иако ја лажат и манипулираат јавноста за неговата содржина. Дефокус од општата воља на народот да каже НЕ на разнебитувањето“, се вели во партиското соопштение.
Оттаму порачуваа дека е време мудри одлуки, кои треба да резултираат до смена на власта.
„Сегашниот државен врв, знаеме дека не само што не сака да ги заштити државните интереси, туку сака да ги распродаде – и ќе се користи со сите средства да ја изврши оваа задача. Повторно ќе наметнуваат меѓуетнички тензии, ќе уфрлуваат провокатори на протестот и ќе се користат со сите расположливи средства. Затоа, нашата борба за слобода треба да биде целосна против вољата на тиранијата“, додаваат од Левица.