Прободен затвореник во КПУ „Идризово“

Повредениот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

436

Во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“, синоќа  по претходна расправија се степале двајца затвореници од кои едниот завршил со убот од остар прдмет.

Настанот е пријавен во СВР Скопје вчера околу 19 часот.






Според информацијата презентирана под полицијата,  затвореникот Р.Е. (36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П. (27) од Скопје. Повредениот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини