Пробната вакцина „Коваксин“ дадена на волонтер во Индија

„Коваксин“ е една од дваесетината вакцини што во моментот минуваат низ клинички испитувања во целиот свет.

617

Индија ги почна првите клинички испитувања на пробната вакцина против коронавирусот, во време кога земјтаа се наоѓа на третото место во светот со повеќе од 1,3 милиони заразени со ковид-19.

Властите потврдија дека првата доза на пробната вакцина „Коваксин“ денеска му е дадена на еден волонтер, јавија американските медиуми.






„Коваксин“ е една од дваесетината вакцини што во моментот минуваат низ клинички испитувања во целиот свет.

Според американските медиуми, Индија од неодамна бележи драстично зголемување на бројот на лица со ковид-19 во четвртина од вкупно 36-те федерални држави и територии во земјата.

Поврзани содржини