ПРОБЛЕМОТ СО ПЕКАРИТЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕШАВА СО НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА Левица смета дека тоа не е спротивно на европските регулативи и искуства

Левица вели дека, во духот на својата автентична левичарска идеологија, цврсто застанува на страна на работниците и сиромашните кои се најсилно погодени од високите цени на лебот, а против големите пекари кои го оставија народот без леб.

334

Проблемот со големите пекари и новонастанатата ситуација во која се одбива да се продава леб по регулирана цена, можеби е во духот на ЕУ да се решува со делумна или целосна национализација. Доколку овој клучен сектор продолжи да не испорачува леб за граѓаните, Владата мора и ова решение да го разгледа и да не го третира како табу тема – укажува партијата Левица во соопштение.

Тврдењета на пекарската индустрија дека не е во можност да ги намал своите цени е неиздржано, смета Левица. Оваа индустрија со месеци е привилигирана и плаќа субвенционирана струја. Дополнително, откупот на пченицата во 2021 се одвиваше по мизерна цена од 8,5 денари, а во 2022 Владата дозволи пекарите евтино да откупуваат пченица од Србија. Високите цени се евидентно хир на бизнис олигархијата, која својот интерес го става над колективното добро, оценува партијата.

„Во услови на криза, кога претпријатија од клучните сектори на индустријата не се во можност да ја обавуваат својата дејност на пазарот и да остварат задоволителен профит, национализирањето е решение што сè почесто се практикува во ЕУ. Спротивно од неолибералниот наратив дека национализацијата се коси со договорите на ЕУ кои ја поддржуваат пазарната либерализација, членот 345 од Договорот за функционирање на ЕУ јасно вели дека „договорите на никаков начин нема да ги нарушат правилата на земјите-членки кои го регулираат системот на сопственост.

Последните 15 години покажаа дека во време на криза, држави како Германија и Шпанија се подготвени на национализација на банки, па под државна сопственост припаднаа 25% од Германската Комерцијална Банка (2009) и 45% од Шпанската Банка (2012). Кризата за време на пандемијата дополнително го поттикна бранот на државно учество во приватни фирми, па Германија доби сопственички удел во Луфтханза (2020) и ТУИ АГ (2021), Финска во Финаир (2021), Латвија во АирБалтик (2020) и Данска и Шведска во САС (2020)“ – потсетува Левица.

Левица вели дека, во духот на својата автентична левичарска идеологија, цврсто застанува на страна на работниците и сиромашните кои се најсилно погодени од високите цени на лебот, а против големите пекари кои го оставија народот без леб.

Поврзани содржини