ПРОБЛЕМОТ СО НЕЛЕГАЛНИТЕ ОНЛАЈН КОЦКАРНИЦИ ЌЕ СЕ СЕЧЕ ОД КОРЕН Андоновски најави нивно затворање

Министерот за дигитална трансформација најави дека во иднина нелегалните онлајн коцкарници ќе се затвораат веднаш.

170

Со измените на Законот за електронски комуникации ќе ги забраниме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа во соработка со АЕК и граѓаните нема да можат да пристапуваат на овие сајтови, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Андоновски потенцираше дека проблемот е голем, бидејќи граѓаните ги користат своите лични картички и сите информации без проблем ги споделуваат со непознати сајтови, а потоа лесно можат да бидат искористувани.






-Нашите граѓани се заразени од оваа пандемија, особено младите, особено тинејџерите кои што немаат наполнето 18 години и не можат да учествуваат во игрите на среќа кои што се организираат јавно во градовите, односно не е легално тоа да го прават па го наоѓаат овој онлајн начин, преку овие нелегални приредувачи на игри на среќа- рече Андоновски во гостување на ТВ Алсат.

Според него, суштинскиот проблем тука е што се користат кредитни и дебитни картички на граѓаните, кои што не знаеме каде се испраќаат како податок, име, презиме и други информации од лична карта на граѓанинот, исто така не знаеме каде се испраќаат.

Тој дополни дека граѓаните во однос на овие онлајн коцкарници, самоволно ги даваат овие информации,  па потоа многу често се измамени, односно се крадат пари од картичките.

Андоновски рече и дека се планира во иднина, доколку се формираат нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа, тие веднаш да бидат затворени.

Поврзани содржини