ПРОБЛЕМОТ НА МОИТЕ ИГРАЧИ Е ВО НИВНИТЕ ГЛАВИ Нико Ковач ја спрема Борусијa за реванш со Спортинг Лисабон

Во првиот натпревар Борусија направи огромен чекор кон осминафиналето победувајќи на гостински терен со 3:0.

160

Играчите на Борусија Дортмунд се квалитетни фудбалери, но во моментов најголемиот проблем е во нивните глави, изјави денеска хрватскиот стратег Нико Ковач, тренер на клубот од Дортмунд.

Ковач го изјави ова во пресрет на реваншот од плеј-офот во Лигата на шампионите, во кој Борусија на својот стадион го пречекува Спортинг Лисабон. Дуелот се игра во среда со почеток во 18 часот и 45 минути. Во првиот натпревар Борусија направи огромен чекор кон осминафиналето победувајќи на гостински терен со 3:0.






Сепак, Ковач немаше позитивен почеток на сезоната во неговиот нов клуб. Најпрвин загубија дома од Штутгарт со 1:2, а минатиот викенд беа поразени со 0:2 од Бохум, последниот тим во поредокот до тоа коло.

– Морам да ја зајакнам самодовербата на играчите. Таа самодоверба се стекнува со квалитетна работа, добри игри и победи. Гледам многу позитивни работи кај играчите, но победите ве прават посилни и мораме да научиме да победуваме постојано – рече Ковач.

Некои германски медиуми веќе почнаа да пишуваат негативни написи за Ковач, кој веднаш се најде на мета на критики поради двата порази во Бундеслигата.

– Болат тие два порази. Мене лично најмногу ме боли начинот на кој примивме голови. Мора да работиме, да тренираме и да вежбаме. Нема премногу филозофија. Но, повторувам, имам многу квалитетни играчи и верувам во подобро утре – заклучи Ковач.

Поврзани содржини