ПРОБЛЕМИ ЗА РЕАЛ МАДРИД ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Повредениот Англичанец нема да игра против Брага
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид го повреди рамото на вчерашниот меч од Ла Лига со Рајо Ваљекано (0:0).
Џуд Белингем го измести рамото и можеби нема да игра против Брага во Лигата на шампионите.
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид го повреди рамото на вчерашниот меч од Ла Лига со Рајо Ваљекано (0:0).
Од прегледот било утврдено дека Англичанецот има изместено лево рамо. По натпреварот, болката во рамото на Џуд се влоши.
Повредата се покажа дека не е премногу сериозна, но учеството на играчот од средниот ред на натпреварот од Лигата на шампионите со Брага на 8 ноември е доведен во прашање.
За учеството на Белингем утре ќе одлучува стручниот штаб на Мадрид.