ПРОБЛЕМИ ЗА КЛУБОТ ОД ПАРИЗ Од ПСЖ информираа дека Меси е позитивен на ковид-19

Во изолација како дел од здравствениот протокол се наоѓаат уште Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала. Тие нема да патуваат на натпреварот од Купот на Франција кој ПСЖ ќе го одигра утре против Ван.

375

Најновото засилување во летниот преоден рок за клубот од Париз, Лионел Меси доби позитивен тест на ковид-19, соопшти ПСЖ.

Како што се наведува францускиот гигант, Аргентинецот Меси е еден од четворицата играчи кои се позитивни на коронавирусот.






Во изолација како дел од здравствениот протокол се наоѓаат уште Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала. Тие нема да патуваат на натпреварот од Купот на Франција кој ПСЖ ќе го одигра утре против Ван.

Воедно париските „светци“ известуваат дека Нејмар ќе го продолжи лекувањето во Бразил до 9 јануари со членовите на медицинскиот тим. Неговото враќање на тренинзите се очекува да биде за околу три недели.

Поврзани содржини