ПРОБЛЕМИ СО АВИОНОТ ВО КОЈ БИЛА ШЕКЕРИНСКА Наместо во Скопје слетал во Софија

Авионот кој летал од Виена кон Скопје се соочил со сериозни проблеми поради невремето и морал да врти неколку круга, по што бил пренасочен кон аеродромот во Софија.

1,679

Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, имала проблеми да слета во Скопје, а тоа вчераутро го потврди и лично таа преку нејзиниот профил на Фејсбук.

Авионот кој летал од Виена кон Скопје се соочил со сериозни проблеми поради невремето и морал да врти неколку круга, по што бил пренасочен кон аеродромот во Софија.






Потоа од Софија, откако се создале услови, авионот се упатил кон Македонија и безбедно слетал на скопскиот аеродром.

„Кој рано рани… цела вечер се мачел да слета во Скопје. Како утеха – прекрасно утро!“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Поврзани содржини