Проблематичниот пејач сега заработува од порно филмови ФОТО

870

Музичарот Арон Картер (32) веќе подолго време ја згрозува јавноста со своите изјави и постапки, а сега направи и чекор понатаму – отвори профил на платформата OnlyFans, на која корисниците објавуваат порнографска содржина. Се пофали со новиот потфат на сите социјални мрежи, а потоа сними порно видео, кое го објави на споменатата страница.

На страницата OnlyFans бизнисот ѝ процвета за време на карантинот, па многу познати личности креираа профили на таа платформа. Актерката Бела Торн (23) заработи дури милион долари за еден ден.






Странските медиуми пишуваат дека Арон западнал во криза, поради што отвори профил и сака да заработи на тој начин. Во своето прво објавено видео, Картер седел пијан и изведувал перверзни работи.

Арон тврди дека не сака да снима вистински порнографски филмови, освен ако не му се исплатат огромни суми. Неговите обожаватели не се воодушевени од неговиот последен потфат.

„Треба да заработуваш пари од музика, а не да се соблекуваш за пари“, му напишаа во коментарите под фотографијата на која тој објави дека ќе даде 50 отсто попуст на претплатите во следните седум дена.

Арон, инаку брат на славниот член на „Бекстрит Бојс“, Ник Картер (40), е свршен со Мелани Мартин, која минатиот месец дебитираше во филмовите за возрасни на слична страница како „OnlyFans“.

Да потсетиме, Арон неодамна рече дека му е дијагностицирана шизофренија, биполарно нарушување, депресија и акутна анксиозност.

Aaron Carter, Face Tattoo

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини