Третото од четирите деца повторно ѝ задава главоболка на славната мајка. Откако пред две години ѝ направи вистински пекол исчезнувајќи неколку дена, сега пејачката повторно има проблем со него, иако не откри јавно поради што.
Ирската пејачка Шинејд О’Конор ги замоли обожавателите да се молат за нејзиниот син тинејџер Шејн, откако во мистериозната порака на Твитер откри дека имала „одвратен ден од пеколот“.
Сè уште не е познато што се случило со 16-годишниот син кој 54-годишната пејачка го добил со поранешниот партнер Донал Лани. Но, Шинејд ја загрижи јавноста.
Објавата ја завршила со апелот: „Сите вишок молитви што постојат, ве молам посветете му една на мојот син Шејн. Тој е светлината на мојот живот!“. Потоа додала дека преживеела ден од пеколот.
О’Конор е мајка на четири деца, а неколку фанови ѝ рекоа дека мислат на нејзиниот син и му посакуваат сè најдобро.
Шинејд, која го смени своето име во Шухада ‘Давит во 2018 година, уште еднаш порано молеше за помош за нејзиниот син, тоа беше во јануари 2019 година кога момчето исчезна.
„Моето слатко 14-годишно дете исчезна и го нема веќе два дена. Ако сте родител во чија куќа тој се наоѓа, ве молиме јавете се на чуварот на Дандрум. Ако не им се јавите, не му помагате”, напиша на Твитер пејачката пред две години.
На крајот го пронашла својот син, по три дена, тој бил добро и на безбедно.
Шинејд се мажеше четири пати и има четири деца, најстариот Џејк има 33 години, ќерката на Роасин има 24 години. Таа никогаш не живеела со таткото на Шејн, а најмалото дете на Џешуа Франсис Нил Бонадио има 14 години.
Шинејд О’Конор и самата со години се бори со зависности и ментални нарушувања. Во ноември лани се пријавила на лекување на зависност од дрога и психички проблеми.
На својот профил на Твитер, пејачката напиша дека за првпат во животот е подготвена да побара стручна помош за да ги реши своите психички проблеми и да се ослободи од зависноста од дрога – проблеми што ја мачат веќе шест години.