ПРОБИЕНА Е И НАЈГОЛЕМАТА ПАРАНОЈА ВО ДИЗАЈНОТ Објавени слики од црноморските бункери под вилата на Путин

Излезите на тунелите се под голата карпа. Во случај на нуклеарна зима може и да се живее во тунелите. Тие се широки 6 метри и прават простор од 2.000 квадратни метри. А целиот комплекс се граничи со 17.000 хектари шума. Ако сакате да долетате на гости, тоа се прави во посебно одредена зона.

2,773

Кога сте автократ кој можеби еден ден ќе има потреба да обезглави многумина во дворецот Кремљ, или пак самиот да се скрие негде (на пример од украински дронови), размислувате не само параноично, туку и повеќе од параноично. Можеби во вашата вила на карпа со поглед на Црното Море ќе ви требаат два големи подземни тунели длабоки 50 метри и тоа со ѕидови дебели 40 сантиметри, одлична вентилација и постојана достава на вода.

После сѐ, со парите од блиските пријатели кои се гасни и нафтени олигарси тоа однадвор може да изгледа навистина убаво.






Бизнис Инсајдер откри ексклузивни слики од архитектонските планови на империјалната палата на рускиот лидер Владимир Путин. Тоа е онаа резиденција за која неговиот противник Алексеј Навални тврдеше дека има своја црква, хелиодром, винарска визба и казино, салон за наргиле со стриптиз, огромен арборетум и лизгалиште за хокеј каде Путин вежба со пријателите.

Излезите на тунелите се под голата карпа. Во случај на нуклеарна зима може и да се живее во тунелите. Тие се широки 6 метри и прават простор од 2.000 квадратни метри. А целиот комплекс се граничи со 17.000 хектари шума. Ако сакате да долетате на гости, тоа се прави во посебно одредена зона.

Со што го мачкаат бетонот?

Инженерите дебатираат за цртежите. Со што дополнително се зајакнати бетонските школки од тунелот со дебелина од 40 сантиметри?  Особено импресивни се 16-те носачи за кабли, секоја широка околу 30 см, вградени во ѕидот на долниот тунел. Тунелите се дизајнирани за „проводни“ кабли за електрична енергија, осветлување, бакарна жица, како и оптички кабли потребни за командното место.

Многуте цевки сугерираат дека освен цел водовод и канализцицја веројатно под палатата има посебен резервен електроенергетски систем под палатата. Или ќе преживееш или ќе избегаш.

 

 

Кога ќе објавиш вакви цртежи ќе ти исчезне фирмата

Туку, како воопшто беа објавени плановите на подземниот бункер на Путин? Се работи за скици на Метростил, позната руска фирма-изведувач кој во 2010-тите години ги објави техничките цртежи на својата вебстраница за да се пофали. Набрзо фирмата престана да постои. Цртежите до Интернетот пак стигнаат дури во 2016-та.

Но, кога Метро Стајл ги објави спорните црноморски дијаграми на својата веб-страница, тие никаде не прецизираа дека станува збор за тунели изградени за Путин. Тие само изјавиле дека станува збор за „комплекс од подземни згради за пансион во градот Геленџик, Краснодарски регион“. Геленџик е град на пет часа од одморалиштето Сочи каде се наоѓа палатата, па на сите има стана јасно.

Инаку, Метро Стајл Русите ја знаат како компанија која копаше тунели за московското метро. Компанијата ја отпочнале тројца браќа во раните 1990-ти.

 

Бункери се прават и за да имаш поголема моќ

Експерт кој ги разгледа плановите смета дека тие јасно покажуваат знаци на опседнатоста на Путин со опстанок во време кога другите моќни луѓе паѓаа од власт.

– Путин е многу загрижен бидејќи знае дека не е целосно легитимен лидер на Русија – вели Мајкл К. Кимаџ , поранешен функционер на Стејт департментот задолжен за Русија и Украина.

Свесен дека неговото зачувување на моќта не е цврсто обезбедено со избори, Путин се обидува да ја максимизира својата лична безбедност преку комплекс од добро чувани резиденции.

Нема само Путин вакви викендици со тунели. Американскиот претседател има бункер под Белата куќа, но и во Маунт Ведер во Вирџинија. Но, додека американскиот бункер е државен, во случајот со вилата во Сочи, таа во најголем дел е приватна своина на Путин.

Поврзани содржини