ПРОБИЕН Е ЛИМИТОТ ЗА БЕСПЛАТНО БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ Партијата на пензионери бара тој да изнесува 25.000 денари

Партијата на пензионери бара во иднина најниската граница за остварување на правото за бесплатно болничко лекување за пензионерите да се врзе со минималната плата.

768

Партијата на пензионери бара Владата итно да го зголеми номиналниот лимитот за бесплатно болничко лекување на пензионерите со ниски пензии од 18.000 на 25.000 денари.

Во образложението на своето барање Партијата на пензионери наведува дека со зголемување на пензиите од 2.500 денари во март е пробиена е најниската граница од 18.000 денари за бесплатно болничко лекување на најсиромашните пензионери.






-Имено од март 2025 год. со зголемување на пензиите за 2.500 денари, минималната пензија го достигна прагот од 18.292 денари, додека лимитот за бесплатно болничко лекување сеуште е 18.000 денари. Со самиот тој факт, подолг период ниту еден пензионер во државата не е ослободен од партиципација за болничко лекување што најмногу ги погодува пензионерите со најниските пензии и нивните семејства. Мора да се нагласи дека овој проблем е уште посложен, бидејќи во исто време ние имаме и највисоки цени на лековите во регионот – велат од Партијата на пензионери.

Од тие причини, додаваат тие, бараме лимитот до кој пензионерите нема да плаќаат партиципација за болничко лекување од јануари 2026 година да изнесува 25.000 денари, а во иднина, истиот да биде константно врзан со висината на минималната плата.

Поврзани содржини