Пробав пица чиј рок на траење е 3 години! ВИДЕО

Новинарката Прија Кришна ја пробала таа пица, која е направена со сирење и кулен. Забележала дека тестото е подебело, дека сирењето е суво и безвкусно, а дека куленот не е крцкав и го нема истиот вкус како вообичаено.

257

За потребите на американската војска се произведуваат специјални оброци кои се направени така да може долго да траат. Се нарекуваат М.Р.Е (Meals, Ready-to-Eat). Новинарката на Њујорк Тајмс пробала еден таков оброк – станува збор за пица со кулен.

М.Р.Е. оброците не се вкусни ниту примамливи за јадење, а сепак продажбата на таа војничка храна пораснала во текот на пандемијата.






Еден брачен пар од Џорџија, имаат свој бизнис за препродажба на тие оброци, кои ги наоѓаат на интернет, бидејќи ги нема во комерцијалната продажба, бидејќи војската тоа строго го забранува.

Луѓето ги купуваат за црни денови, но и од љубопитство. Оброците мора да задоволат одредени критериуми – рокот на траење им е три години, и треба да бидат употребливи во екстремни услови. Содржат 1.200 калории.

Оброците кои војската ги произведува постојано се менуваат, а во 2018 година произведена е пица со посебни микроорганизми кои живеат помеѓу тестото и филот.

Новинарката Прија Кришна ја пробала таа пица, која е направена со сирење и кулен. Забележала дека тестото е подебело, дека сирењето е суво и безвкусно, а дека куленот не е крцкав и го нема истиот вкус како вообичаено.

– Кога ова би го изела на улица, би кажала дека тоа не е пица, но со оглед на контекстот, задоволително е – вели Кришна.

Погледнете што би пробале од војничките оброци.

Поврзани содржини