ПРОБАЛ ДА ПРЕТЕКНЕ КОЛА, ДОБИЛ БОКС ПРЕКУ ПРОЗОРЕЦ Велосипедист од Англија имаше тежок ден ВИДЕО

Адријан Шорт од бициклистичката група Свиндон Вилерс возел велосипед заедно со неговата сопруга Менди, а кога тој го „попил“ боксот, Менди излетала пред автомобилот и за малку ќе била прегазена од возачот. Таа за Би-Би-Си изјави дека „во моментот се плашела дека ќе биде сериозно повредена“.

436

Велосипедист од градот Свиндон, Велика Британија, се спречкал со автомобил кој возел на истата лента околу тоа кој кого треба да претекне, а кога ја ставил раката на прозорецот на возилото за да му укаже да сопре, прозорецот се отворил и добил бокс од возачот, пишува Би-Би-Си.

Видете самите. Кој кого требаше да претекне?






Адријан Шорт од бициклистичката група Свиндон Вилерс возел велосипед заедно со неговата сопруга Менди, а кога тој го „попил“ боксот, Менди излетала пред автомобилот и за малку ќе била прегазена од возачот. Таа за Би-Би-Си изјави дека „во моментот се плашела дека ќе биде сериозно повредена“.

За среќа, инцидентот завршил без повреди, а возачот на автомобилот само опоменат од полицијата.

Поврзани содржини