Проѕирни маски кои ќе им помогнат на лицата со оштетен слух
Тоа е проблем што таа го дели со околу 466 милиони луѓе низ целиот свет кои, според Светската здравствена организација, кои го имаат целосно или делумно загубено слухот.
Во текот на пандемијата со коронавирусот, маските станаа дел од нашето секојдневие, а луѓето ги носат заради заштита, но постојат луѓе на кои тие им го отежнуваат секојдневниот живот, објави „ВВС“.
– Можеби и вие зборувате на француски јазик – вели Физ Изагарен, лекар-педијатар од Велика Британија, која од својата втора година е глува.
– Можам да слушнам еден или два збора, но тоа е случајно, нема никаква смисла… Кога некој носи маска за лице, ја изгубив можноста да читам усни и ги изгубив изразите на лицето, ги изгубив клучните работи што прават реченица – вели Изагарен.
Тоа е проблем што таа го дели со околу 466 милиони луѓе низ целиот свет кои, според Светската здравствена организација, кои го имаат целосно или делумно загубено слухот.
Стандардните маски за лице го пригушуваат говорот и ја покриваат устата, а тоа е голем проблем за луѓе кои имаат оштетен слух или потполно изгубен слух, пренесува „ВВС“. Меѓутоа, хуманитарните организации и произведувачи пронашле решение – проѕирни маски.
Здружението „Main dans la Main (Hand in Hand)“ кои ги поддржува личностите со оштетен слух во Шевриј, на северот од Франција, е меѓу организациите ширум светот кои креирале проѕирни маски за лице.
– Основна цел на овие маски е луѓето со оштетен слух да можат да читаат од уста од оној кој им зборува – вели основачот на оваа добротворна организација Кели Морелон. Таа вели дека провидните маски се користни и за луѓето со аутизам, личности со потешкотии во учењето и мали деца кои можеби се плашат од маските.
– Во секој случај, прозирната маска ни овозможува едни на други да си ги видиме насмевските, а во оваа тажно време тоа е најважно – додава Морелон.