📽️ ПРИЗНАВАМ ПОРАЗ, НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ ОД БОРБА Харис најави мирен трансфер на власта

Не е тоа што го посакуваме, не е тоа што сакавме да го добиеме, но и не се откажуваме, порача потпретседателката на САД и кандидатката за претседател на државата, Камала Харис, во обраќањето до нацијата по поразот.

1,036

Потпретседателката на САД и кандидатката за претседател на државата, Камала Харис вечерва по европско, а попладнето по американско време и` се обрати на нацијата по поразот на изборите од Доналд Трамп.

Харис се обрати од Универзитетот Хауард во Вашингтон, каде што дипломирала во 1986 година и истакна дека му се јавила на Доналд Трамп и му рекла дека ќе му помогне нему и на неговиот тим во нивната транзиција и дека ќе се вклучи во мирниот трансфер на власта.






– Не е тоа што го посакуваме, не е тоа што сакавме да го добиеме, но и не се откажуваме. Реков дека ќе има мирен трансфер на власта. Ние се придржуваме до принципот на мирен трансфер на власта. Ова ја разликува демократијата од монархија и тиранија. Ние му должиме лојалност не на претседателот и партијата, туку на американскиот Устав. Признавам пораз, но не се откажувам од борбата што ја водев во кампањата. Борбата за слобода… Тоа е борба од која никогаш нема да се откажам. Никогаш нема да се откажам од тоа Американците да можат да ги остварат своите аспирации , во Америка каде жените имаат избор, во која училиштата и улиците се заштитени од оружено насилство – рече Харис.

Какви сме ние и какви сакаме да останеме, реторички праша Харис во своето долго обраќање, заблагодарувајќи се на волонтерите во кампањата со пораката: „Толку сум горда на трката што ја истрчавме и начинот на кој ја водевме“.

 

 

Поврзани содржини