ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ Никола Митревски голман на колото во Лигата на шампионите
Митревски забележа 13 одбрани и беше клучен играч во триумфот на Порто против данскиот ГОГ Гудме во 6.коло од ракометната Лига на шампионите.
Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Митревски кој го брани голот на португалскиот клуб Порто, прогласен е за најдобар голман во 6.коло од Лигата на шампионите.
Тој е дел од идеалната седумка на ова коло во ЛШ во која се уште и Матијас Муше (Магдебург), Сандер Сагосен (Колстад), Елијас Елесен (Кил), Мадс Хоксер (Алборг), Себастијан Карлсон (Монпелје) и Лудовик Фабрегас (Веспрем).
Митревски забележа 13 одбрани и беше клучен играч во триумфот на Порто против данскиот ГОГ Гудме (32-31). Една од неговите одбрани е на третото место на најатрактивни интервенции на ова коло во ЛШ.
Дел од одбраните на најдобриот македонскиот голман на голот на Порто, како и најдобрите потези на одбраните во „идеалната седморка“ на колото може да ги погледнете на овој линк.