ПРИЗНАЛ ДЕКА ЌАРИЛ 15.000 ЕВРА СО ТЕЛЕФОНСКИ ИЗМАМИ Лажен лекар во Струмица се јавувал за „итни операции“

Во двата завршени случаи оштетени биле 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица. Во трет случај, обидот за измама бил насочен кон 77-годишна жена. Сценариото било исто. При лишувањето од слобода, полицијата кај осомничениот пронашла 15.150 евра и 50 швајцарски франци. Во службен разговор тој го признал начинот на кој ги вршел кривичните дела.

211

Лишен од слобода бил 38-годишен жител на Струмица, осомничен за серија измами изведени преку телефонски повици со лажно претставување како медицинско лице. Кај него биле пронајдени 15.150 евра и 50 франци, пари за кои полицијата утврдила дека потекнуваат од кривични дела.

Полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода осомничениот на 07.02.2026 година во 12.30 часот. Според полицијата, тој учествувал во две реализирани измами и во еден обид за измама, извршени на 06.02. и 07.02.2025 година.






Во двата завршени случаи оштетени биле 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица. Во трет случај, обидот за измама бил насочен кон 77-годишна жена. Сценариото било исто. Непознато лице се јавувало на фиксен телефон, се претставувало како лекар и тврдело дека ќерка или снаа на жртвата доживеала сообраќајна несреќа и итно ѝ е потребна операција.

Откако жртвите биле доведени во состојба на страв и брзање, парите биле преземани лично од осомничениот, кој доаѓал на локации што му ги диктирало лицето со кое бил во телефонска комуникација.

При лишувањето од слобода, полицијата кај осомничениот пронашла 15.150 евра и 50 швајцарски франци. Во службен разговор тој го признал начинот на кој ги вршел кривичните дела.

Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од СВР Струмица уште еднаш апелираа до граѓаните да бидат исклучително внимателни при телефонска комуникација со непознати лица. Граѓаните се повикуваат да не наседнуваат на вакви измами, да ги проверуваат информациите што им се соопштуваат и никогаш да не даваат пари на лица што не ги познаваат. Секој сомнителен случај, нагласуваат од полицијата, треба веднаш да се пријави.

Поврзани содржини