ПРИЗНАЈТЕ ГИ ПРЕЛЕЖАНИТЕ И ОНИЕ СО АНТИТЕЛА Д-р Нико Беќаровски предложи нови ковид-мерки на Фејсбук
Да им се признае прележаната корона во ковид-сертификатите 120 дена од инфекцијата, да се признаат тестовите за антитела како вакцинален сертификат, вакцинираните да не плаќаат партиципација за здравствени услуги за цела идна година, високи парични казни за фалсификувани сертификати и мерење на температура пред влез во здравствена установа предлага д-р Нико Беќаровски.
Директорот на Клиниката за Токсикологија, д-р Нико Беќарковски на Фејсбук остро ги осуди предложените мерки за парична награда од 30 денари од пациент за матичните лекари кои ќе натераат над 70 отсто од пациентите да се вакцинираат, а предложи нови мерки кои, според него, нема да бидат понижувачки. Еве што напиша Беќаровски во својот пост:
„Почитувани колеги од КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ
Ако навистина сакате да стимулирате вакцинација, место понижувачката парична стимулација за матичните лекари, УКИНЕТЕ ЈА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА СИТЕ МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ во 2022 година на СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ. (слично како што е за крводарителите)
– Ако сакате да се намали антиваксерското расположение издвојте ги вистински прележаните од групата на невакцинирани, барем 120 дена по прележувањето
– Воведете го позитивниот резултат од тестот (не постар од месец дена) на антитела, како валиден доказ за влез во сите места каде се бара вакцинален сертификат, по 120 дена од прележувањето.
– Предложете висока парична казна или затворска казна за секој кој ќе биде фатен со фалсификуван сертификат
– Вратете го задолжителното мерење на телесна температура при влегување на работа и во сите јавни затворени објекти“