ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА ДИМИТРИЕВСКИ ТРПАТ ЗАКАНИ На мета на насилниците се децата на активистите

Првата порака е испратена на 16ти октомври 2021, на еден ден пред првиот круг, од телефонскиот број 076 866 464 гласи: „Максо нон стоп спомнува несреќен случај за некое дете води ред и твоето така да не се спомнува, а дете убаво си вози мотор. Последна опомена“.

415

Згрозени сме од начинот на функционирање на поединци кои имаат за цел да се закануваат по човечки животи и да ги плашат нашите активисти. Погледнете ги следниве пораки кои се испраќани целиот овој изминат период на жена активист за нејзиното дете во време на кампања за локални избори, порачуваат од иницијативата „За наше Куманово“, која застана зад кандидатурата на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски.

– Првата порака е испратена на 16ти октомври 2021, на еден ден пред првиот круг, од телефонскиот број 076 866 464 гласи: „Максо нон стоп спомнува несреќен случај за некое дете води ред и твоето така да не се спомнува, а дете убаво си вози мотор. Последна опомена“.






По 5 минути, повторно уште една порака, која гласи: „Додека си таму поздрави се последен уште малку па бивши градоначалник“.

На 26-ти октомври во 18:22 часот, повторно уште една порака: „Убав ден денеска на дете ти роденден, другар ти Максо го покани ли, може да биде последен роденден да се подружите”.

4 минути подоцна, уште една порака: „Многу убаво те опоменавме да се повлечеш ама ти не. Што и да се случи сама си крива“ – беше објавено на прес-конферецијата организирана од активистите на „За наше Куманово“.

Од таборот на Димитриевски порачаа и дека според нивни информации, кои биле споделени во МВР, лицето кое испраќало заканувачки пораки е бивш осуденик, кој во моментов бил активен во изборниот штаб на СДСМ во Куманово.

Поврзани содржини