Привршува реновирањето на градинката „Срничка“ во Аеродром

Градинката, како што истакна Јелиќ, подготвено ќе ги дочека дечињата по создавањето на условите за нивни престој.

331

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со претседателката на Советот, Ивана Цветковска, и дел од советниците ја посетија детската градинка „Срничка“, каде што деновиве се изведуваат поголеми зафати во сите објекти.

Директорката на градинката, Александра Јелиќ, ги запозна градоначалникот и советниците со текот на реновирањето на објектите, што опфаќа поставување ламинат, молерисување, поставување бина, санирање на мувлата по ѕидовите, менување на електриката, реновирање на тоалетите, хортикултурно уредување на дворовите, внатрешно разубавување на просторот и сл.






Градинката, како што истакна Јелиќ, подготвено ќе ги дочека дечињата по создавањето на условите за нивни престој.

– Заедно со претседателката на Советот, Ивана Цветковска, и дел од советниците ја посетивме градинката „Срничка“, каде што деновиве се работи на реновирање на шесте објекти. Директорката на градинката, Александра Јелиќ, ни ги презентираше сите зафати што се преземени во објектите, од поставување ламинат, молерисување, поставување бина, санирање на мувлата по ѕидовите, менување на електриката, реновирање на тоалетите, хортикултурно уредување на дворовите, внатрешно разубавување на просторот и сл. Продолжуваме да инвестираме во иднината на најмладите и да обезбедуваме подобри и поквалитетни услови за секое дете – изјави градоначалникот Марин.

Поврзани содржини