Привремено запрена експлоатацијата на чакал на реката Пчиња кај Средно Коњари

398

Владата синоќа на седница донесе одлука за привремено запирање на  експлоатацијата на чакал на реката Пчиња во атарот на село Средно Коњари.

Привременото запирање на експлоатацијата е додека трае увидот на Државниот инспекторат за животна средина заради укажувањата на населението дека ископот на чакал се врши надвор од пропишаното со концесијата и додека не биде донесена нова одлука согласно наодите на надлежниот инспекторат, велат од Владата.

Поврзани содржини