Привилегија за кумановци: Пратеник бесплатно со сопствен автомобил ќе ги вози до Скопје

Пратеникот Костовски вели дека идеја му е да им врати дел од парите кои граѓаните преку плаќање даноци ги даваат за патните трошоци на пратениците.

2,999

Мартин Костовски пратеник од редовите на СДСМ ги повика кумановци да патуваат со него до Скопје. Тој живее во Куманово и секој ден за да стигне на работа во Собранието патува со својот автомобил.

Идеја, како што вели пратеникот, му е да им врати дел од парите кои граѓаните преку плаќање даноци ги даваат за патните трошоци на пратениците.






„Време е со личен пример да покажеме дека сме на располагање на граѓаните во вистинска смисла на зборот“, напиша Костовски на својот фејсбук профил каде што го објави повикот до кумановци.

Пратеникот секој ден ќе застанува близу Основниот суд или Општата Болница во Куманово, и секој  кумановец кој има потреба да патува во Скопје ќе може да патува заедно со Костовски, без никаков надомест, а истовремено доколку сака ќе може да поразговара со пратеникот за проблем или да го праша за некој проблем.

Костовски вели дека ова е мал гест, но од срце.

 

Поврзани содржини