ПРИВЕДЕНИ УШТЕ НОВИ 7 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Обвинителот Коцевски откри нови детали за трагедијата во Кочани

Од МВР за Плусинфо ја потврдија информацијата дека акцијата е во тек и дека повеќе детали ќе бидат објавени подоцна.

2,983

Уште седум полициски службеници се приведени како дел од истрагата за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, потврди вечерва Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.

– Сега во обвинителот од Кочини добив информација дека е издаден налог за приведување на нови 7 полициски службеници. Тие ќе бидат обезбедени и за нив ќе бидат побарани мерки за претпазливост – изјави Коцевски, но не прецизираше дали се работи за лица кои биле присутни на самото место на трагедијата или за службеници кои евентуално не постапиле согласно своите овластувања.






Со ова, бројот на осомничени полициски службеници се искачува на 14 лица, бидејќи пред скоро месец беа приведени други седум полицајци. Засега, истрагата се води за едно кривично дело, а тоа е предизвикување опасност за животот и телото на луѓето.

Од МВР за Плусинфо само ја потврдија информацијата дека акцијата е во тек и дека повеќе детали ќе бидат објавени подоцна.

– Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава од страна на МВР. Повеќе информации во текот на утрешниот ден – информираат од ОЈО.

Обвинителството продолжува со прибирање на докази и сослушување на сведоци, а како што беше најавено, во тек е и анализа на видеоматеријалите и комуникацијата поврзана со настанот.

Според првичните информации, истрагата е насочена кон утврдување на евентуална институционална одговорност за пожарот кој однесе човечки животи.

Oбвинителството осомничи 47 физички лица и 3 правни лица-поранешни министри, директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пазарната инспекција. ОЈОГОКК води истрага против седум полициски службеници од Кочани и Штип кои се во 30 дневен притвор.

Поврзани содржини