ПРИВЕДЕНИ ТРОЈЦА АЛБАНЦИ, МЕЃУ НИВ И МАЛОЛЕТНИК Полицијата ги фати со дрога и без документи кај Ќафасан

Полицијата открила возило со албански регистарски таблички во кое биле и малолетник без документи.

338

Тројца државјани на Албанија се приведени синоќа на магистралниот пат Струга–Ќафасан, откако биле затекнати во возило со кое незаконски влегле на македонска територија, а кај еден од нив била пронајдена и дрога.

Како што информираат од СВР Охрид, во 20:20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ ги лишиле од слобода Л.М. (26), Е.К. (28) и еден 16-годишник, сите од Албанија. Тие биле затекнати во патничко возило Фолксваген Туран со албански национални ознаки, сопственост на Л.М.






– При контролата е утврдено дека Е.К. и малолетникот нелегално ја преминале државната граница од Албанија кон Македонија, а при преглед кај Е.К. е пронајдена и марихуана. Лицата веднаш се лишени од слобода, а со малолетникот разговор извршија адвокат за малолетници и претставник од Центарот за социјални работи во Струга – ни изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини