Приведени три лица во Визбегово каде била пронајдена мини лабараторија и стебла канабис (ВИДЕО)

483

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска Единицата за недозволена трговија со дрога во Визбегово извршила претрес во една куќа при што била откриена лабораторија, стебла од марихуана, а притоа биле приведени три лица.

– На 24.09.2020 околу 15 часот, по претходно добиени оперативни сознанија на Единицата за недозволена трговија со дрога-СВР Скопје,во с.Визбегово, Скопје, извршени се претреси во дом и други простории на И. П. (38),при што во дворното место се пронајдени стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена е и мини лабараторија за производство на масло. При тоа затекнати се и други две лица од кои едното од нив П. В. (38), кој бил затекнат при обработка на марихуаната, како и Г.Ј. (39). Потоа се извршени претреси во домот на Г.Ј.,при што е пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис. Трите лица се приведени – се вели во соопштението од МВР.






Поврзани содржини