ПРИВЕДЕНИ ПОТКУПУВАЧИ НА ГЛАСАЧИ Полицијата кај нив најде повеќе од 2.000 евра

Полицијата ги приведе: Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35).

1,143

Полицијата приведе 4 лица кои синоќа околу 19 часот поткупувале гласачи во Драчево.

МВР соопшти дека поткупувачите на гласачи биле забележани  на местото викано Аџево, како  давале пари во замена за глас на претстојните локални избори односно вршеле кривично дело по член 162 од Кривичниот законик „поткуп при избори и гласање“.






„Од страна на полициски службеници приведени се четири лица. Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35), а кај нив пронајдени се 121.000 денари(1.818 евра)  и 250 евра. Известен е јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка“, соопшти полицијата.

Приведен е и маж на возраст од 50 годии кој вршел поткуп во Лозово. За глас плус нудел од 3000 до 5000 денари и за тоа водел евиденција на каса прими.

Полицијата го привела Б.А.(50) од Милино за ова дело. За случајот отворенае постапка и од Јавното обвинителство.

Полицијата соопшти дека рано утрово во Неготино открила возило во кое имало три лица кои растурале летоци.

„Во 04.25 часот во СВР Велес било пријавено дека лица со возило растуриле летоци на две локации во Неготино. Полициски службеници излегле на местото и на посочените локации пронашле различни летоци, по што било пронајдено патничкото моторно возило со велешки регистарски ознаки во кое имало три лица Б.П. (18), С.Ф. (18) и Д.И. (18) сите од Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Полицијата информира и дека во раните утрински часови  жена од Кавадарци пријавила дека на нејзиното возило  пронашла пропаганден материјал.

„Околу 00.02 часот во СВР Велес, С.К. од Кавадарци пријавила дека на нејзиното патничко моторно возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки имало расфрлани изборни плакати од кандидат за градоначаник на Кавадарци и носител на советничка листа од една политичка партија. Извршен е увид и известен е Јавен обвинител“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини