ПРИВЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА ВО ТЕТОВО Предизвикале пожар во казино по што се повредени двајца полицајци
Настанот се случил утрово околу 5 часот, кога осомничените фрлиле шишиња со запалива течност кон објектот, додека двајцата повредени полицајци веќе биле внатре и вршеле службени дејствија во врска со друг пријавен настан, информираат од СВР Тетово.
Две лица се приведени рано утринава во Тетово како осомничени за предизвикување пожар во обложувалница-казино во градот, по што поради огнот се повредени двајца полицајци. Тоа се случувало околу 05 часот додека два часа подоцна тие се најдени и приведени.
– Денеска во 07.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.К. поради сомнение дека заедно со тетовецот Н.Л.(34) околу 05.00 часот фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино на улица „Илинденска“ во Тетово и предизвикале пожар. При тоа, со повреди се здобиле двајца полициски службеници, кои во објектот преземале службени дејствија во врска со друг, претходно пријавен настан – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Триесет годишникот А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, а полицијата најавиде дека ќе следуваат соодветни поднесоци за инволвираните.