Приведени двајца скопјани кои краделе во Гостивар

231

 Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера во 18:10 часот ги лишиле од слобода А. Х. (47) и А. Ш. (46) од Скопје, по претходна пријава дека истиот ден извршиле кражби во гостиварски продажни објекти.

При приведувањето од нив биле одземени повеќе производи, кои потекнувале од пријавените кражби, информираат од МВР.






Двајцата скопјани, за кои постои сомнение дека се извршители и на повеќе други кражби на гостиварското подрачје, се задржани во Полициската станица Гостивар, и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Поврзани содржини