Приведени двајца дилери на хероин од Свети Николе

Тие се спроведени во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

288

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на наплатната станица Миладиновци биле приведени две лица од Свети Николе, кај кои бил пронајден хероин.

– На 14.10.2020 на наплатната станица Миладиновци, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР, во соработка и координација со СВР Скопје, ги лишија од слобода И.Е.(38) и Д.М.(37), двајцата од Свети Николе. При преглед на патничко возило што го управувал И.Е., а сопатник бил Д.М., бил пронајден и одземен хероин – велат од МВР.






Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини