Приведени двајца дилери на дрога од Скопје, битолчанец украл сеф од обложувалница

565

Полицијата во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера ги лиши од слобода Б.С. (29) и М.М. (26), двајцата од Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, при извршени претреси во домовите и други простории кај двете лица, биле пронајдени и одземени марихуана, синтетичка дрога амфетамин и парични средства.

 






Вчера е уапсен 29-годишен битолчанец затоа што е фатен во тешка кражба во обложувалница во Припеп. Битолчанецот од обложувалницата одзел метален сеф со пари.

Поврзани содржини