Приведени девет танчерки во кафеана во Тетово
Угостителскиот објект е сопственост на А.Б. (44) од Тетово.
Девет танчерки се приведени ноќеска во угостителски објект во Тетово. Полицијата соопшти дека танчерките биле на возраст од 22 до 44 години. Три од нив се руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири наши државјанки.
Акциската контрола ја спровеле инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и униформирани полициски службеници.
Според соопштението, угостителскиот објект е сопственост на А.Б. (44) од Тетово.
Сопственикот и танчерките се приведени и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка.