Приведени десет малолетници и четворица млади на забава во Скопје

554

Во куќа во Скопје во која престојувал В.М.(24) од Скопје, денеска по полноќ во 03.49 часот,  по пријава и врз основа на судска наредба, полицајци влегле во домот на скопјанецот и затекнале 13 лица.

Од нив тројца биле полнолетни и десет малолетници на возраст од 16 и 17 години.






„Констатирано е дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшто МВР.

Поврзани содржини