ПРИВЕДЕНИ ЧЕТИРИ УКРАИНКИ ВО ТЕТОВСКО Полицијата утврдила дека илегално работеле и престојувале

Акциска контрола откри дека жените престојувале и работеле спротивно на пријавената цел на престојот.

0

Четири државјанки од Украина беа приведени во текот на ноќна акциска контрола во село Горно Седларце, откако биле затекнати да престојуваат и работат спротивно на пријавената цел на престојот.

Контролата се спровела во периодот од 22:30 до 04:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане, во соработка со ОВР Гостивар. Жените биле затекнати во угостителски објект каде што управител е 27-годишната Ј.Ц. од Тетово.






Четирите приведени државјанки се на возраст од 24 до 28 години и имале пријавен престој во село Жеровјане, но во реалност престојувале и работеле спротивно на оваа намена. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следи соодветна пријава.

Поврзани содржини