ОБНОВЕНО Приведени 97 странски градежници на градилиштето на „Лимак“

На објектите биле затекнати околу 50 странски државјани кои немаат регулиран престој во земјава и кои работат непријавени.

1,195

Полицијата приведе 97 странски градежни работници на градилиштето на „Лимак“, кои работеле подолг период без документи.

„Полицијата спроведе контрола на градежни објекти на странска фирма, меѓу булевар Кирил и Методиј и улицата Јордан Мијалков, поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати околу 50 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини