ПРИВЕДЕНИ 30 „ТУРИСТКИ“ ВО ТЕТОВСКО Заврши престојот во земјава за жени од 6 различни држави

Полицијата во Тетово и Желино приведе 30 жени од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија поради престој спротивно на целта на туристичката виза.

369

Триесет „туристки“ од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија биле затекнати и приведени во ноќна полициска акција во Тетово и с. Желино, поради злоупотреба на туристичкиот престој.

Акцијата, спроведена во ноќта меѓу 9 и 10 август (23:30 – 02:30 часот), била организирана од полициски службеници на СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе од Скопје.






При контролата во објект во с. Желино, сопственост на 48-годишниот Ј.Ф., и во објект во Тетово управуван од 22-годишниот И.А., било утврдено дека странските државјанки престојувале во земјава спротивно на целта на туристичкиот престој.

„Туристките“ биле задржани во полициска станица, а сопственикот и одговорното лице се соочуваат со поднесување соодветни кривични и прекршочни пријави. Полицијата најави дека по целосно документирање на случајот ќе бидат преземени законски мерки против сите инволвирани.

Поврзани содржини