Приведени 28 лица кои дома се „журкале“ за време на полициски час

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик - се вели во соопштението од МВР.

614

За време на полицискиот час, по пријава, на подрачјето на Центар била раструрена домашна забава, а притоа биле приведени 28 лица.

– Денеска (21.05.2021) во 03.00 часот на подрачјето на Центар, од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар и Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишени од слобода се 28 лица, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ – информираат од минстерството за внатрешни работи.






Оттаму додаваат дека постапувајќи по претходна пријава, а по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка, бил извршен е претрес во дом на ул.„Славејко Арсов“, кај В.Ѓ., при што се затекнати 28 лица присутни на домашна забава.

– По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик – се вели во соопштението од МВР.

Поврзани содржини