ПРИВЕДЕНИ 12 ДРВОКРАДЦИ ВО СТРУГА Македонци и Албанци исекле 30 метри кубни

Лицата се затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на самото место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

112

На планината Караорман во полициска акција фатени се 12 дрвокрадци, осум албански и четворица македонски државјани и запленети се околу 30 метри кубни огревно дрво.

СВР Охрид денеска соопшти дека по преземени координирани мерки од полициски службеници од Единцата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи – Запад, СВР Охрид, Шумската полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми“ во шумски појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда лишени биле од слобода 12 лица на возраст од 23 до 49 години.

– Лицата се затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на самото место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири – изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицата, додаде, се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Поврзани содржини