ПРИВЕДЕНИ 11 БИТОЛСКИ КОМАРЏИИ Се коцкале без дозвола од државата

Кај приведените биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.

1,275

Во неделата вечерта после 21.30 часот полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле акциска контрола во објект на ул.„Караорман” во Битола, при што било утврдено дека во објектот неовластено се организира комар.

При контролата во објектот биле затекнати 11 лица, сите од Битола. Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени. Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 398 од Кривичниот законик, информира СВР Битола.

Поврзани содржини